ФОРУМ

НАПОМЕНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА AI/ВИ АГЕНТИТЕ. СЕКОЈ АИ АГЕНТ Е СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ЗА ОДРЕДЕНА ОБЛАСТ. НА ПРИМЕР AI Водич во академско пишување Е ТРЕНИРАН ДА ВЕ ПОДДРЖИ ВО ВАШИТЕ НАПОРИ ДА ГО ПОДОБРИТЕ ВАШЕТО ПИШУВАЊЕ. ОД НЕГО НЕ МОЖЕТЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ ДА ВИ ОДГОВОРИ СООДВЕТНО И ТОЧНО ЗА ПРАШАЊА ОД ОБЛАСТА НА ПСИХОЛОГИЈАТА ИЛИ ПЕДАГОГИЈАТА. ЗНАЧИ СИТЕ БОТОВИ СЕ ПОСВЕТЕНИ НА ОДРЕДЕНА ОБЛАСТ. ПОВЕЌЕ НА AI Како да почнам, AI Како да комуницирам AI Академија

АИ АГЕНТ КОЈ ИМА ОПШТА НАМЕНА Е FZF GPT.

Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна, ai бот или агент.

32 Replies to “ФОРУМ”

  1. Проектов е многу иновативен и корисен. Вештачката интелигенција е неизбежна во денешното современо општество со што верувам дека оваа алатка би му послужила на секој студент на нашиот факултет. Сајтов е доста прегледен и уште од прва мислам дека секој од нас може да се снајде лесно.

  2. AI агентите на оваа платформа се лесни за користење и имаат широка примена особено за студентите што многу ми се допаѓа, а притоа даваат добри ресурси за родовите прашања. Во однос на подобрување, не можев да најдам информации од каде влечат податоци, преводот/македонскиот тон може да се подобри и не е јасно како се чуваат разговорите. Во принцип основата е одлична, но со овие препораки може да се подобри целото искуство за корисникот при нивната употреба. Голем поздрав до нејзините творци :))

  3. Сметам дека е навистина добро и корисно за нашите студии, имав можност да ја испробам, и задоволна сум од начинот на кој работи. Се надевам понатаму уште повеќе ќе се надоградува оваа платформа.

  4. Имав можност да ја искористам AI училницата и AI академијата. Мислам дека се интересни, корисни и лесни за користење.

  5. Сметам дека користењето на AI кко помош во нашите студии ќе биде од голема корист и ќе го олесни целиот процес.

  6. Интересно како многу брзо агентите ги разбираат прашањата и конкретно даваат јасни одговори. Искрено ми заштедува многу време за разлика од претходното барање одговор преку веб страни каде ми е потребно време и филтрирање на тоа што е точно, а што не.

  7. Одлична можност за поинтерактивно учење. Ми се допаѓа што на едно место ги има темите кои нѐ интересираат.

  8. Почитувани,

    Ботовите многу ми помогнаа при помош во учењето.Учењето ми е полесно и многу лесно се снаоѓам.Се е разбирливо и читко.

    Ви благодарам.

  9. Zvuci korisno i kako da ke bide korisna alatka. Nesto novo i napredno sto bi go koristele pri studiranjeto.

  10. Нова алатка која ни помага во учењето и пишувањето на трудови, домашни и слично. Одлично е изработен овој проект, бидејќи АИ е неизбежен и се поприсутен во секојдневието. Платформата е навистина лесна за користење, а вклучувањето на ботови и дигитални асистенти е добар пример како АИ може да се примени за подобра комуникација и организација на содржини.

  11. Мислам дека е сеуште преново, има некои проблеми со дисконектирање и давање погрешни одговори, но со тек на време ако сите редовно го користиме ќе се подобри и ќе го истренираме мануелно подобро да функционира. Некои прашања не ги сфаќа скрос, блокира од време на време. Сепак е нов бот и не може да биде перфектен. Го истестирав до крај, семинарски проверува супер, би сакала да има и начин да се испрограмира да дава забелешки и предлози за подобрување на специфични параграфи или реченици, специфични булети од семинарската.

    1. Колешке баш супер што ги користите аи агентите. Тоа што има прекини не е до нас. Второ, многу е важно да поставите добро прашање за да разбере. И трето, за „предлози за подобрување на специфични параграфи или реченици, специфични булети од семинарската.“ Постапката е едноставна – ставете го параграфот или поглавјето што го пишувате и побарајте од агентот да ви даде предлог за подобрување.

      На пр. „Провери го овој параграф и дај забелешки и предлози за подобрување.“
      „Кажи што може да се подобри во овој параграф — јасност, структура, стил или аргументација.“
      „Препиши го овој параграф така што да звучи поакадемски, но задржи ја смислата.“
      „Дај конкретен предлог како овој параграф може да биде појасен и поконцизен.“
      „Укажи кои реченици во овој параграф треба да се преработат и предложи подобри формулации.“
      „Анализирај го овој параграф и напиши: (а) забелешка, (б) предлог за подобрување.“

      После секој ПРОМПТ прашајте го зошто предложил или поправил на тој начин. Така ќе научите како во иднина да го подобрите вашето пишувње.

  12. Почитувани,

    Додека ја разбирам желбата за асимилирање на современата технологија во нашата институција, со што обезбедуваме секој вклучен во наставниот процес да биде информиран за новините во информатиката, некои нешта остануваат неразјаснети. Се прашувам кому точно ќе му служат АИ алатките? Доколку одговорот е на студентите, дали ќе бидат „правилно“ користени? АИ ботови кои проверуваат правопис, нудат „помош“ во пишувањето на семинарски и истражувачки трудови, даваат поддршка при учење и подготовка на испити… Зарем Филозофскиот факултет не се темели токму на човековата слобода на мисла и говор, љубопитство за истражување и непречено креативно создавање? Како можеме да се сметаме самите за чувари на зборот и создавачи на наука кога толку пасивно и безволно прифаќаме тие да бидат одземени од нас, а потоа искористувани и обработувани сѐ додека не ја изгубат хуманата димензија на оној кој ги создал. Се прашувам себеси и околу далекосежните личносни, еколошки и општествени реперкусии од користењето на овие алатки.

    И покрај тоа што егзистираме во зенитот на безрезервната експлоатација, а механизацијата има продрено длабоко во сржта на нашето општество, да не дозволиме нашата хуманост да биде потчинета или пак редуцирана на вредност од втор ред. Критичката мисла, кретивното творење и неодминливата љубопитност за светот се изворно човечки одлики, а во зборовите на Ерих Фром: „Нека победи човекот“!

    1. Зарем гледањето и откривањето со микроскоп не е автентично гледање, зарем гледањето во ѕвездите со телескоп не е автентично набљудување….

  13. Ботовите многу ми помогнаа, особено кога ми требаше брз одговор, информации или помош во учење. Лесно се користат и навистина го олеснуваат учењето.

    1. Од положба на некој кој доаѓа од Институтот по филозофија, ,ајголемата вредност е во тоа што Факултетот не ја избегнува темата Вештачка Интелигенција, туку ја вгнезфува во своето јадро. Ова е неопходен одговор на епохата, особено од аспект на Филозофијата – од која сите наши звања поизлегуваат… но и одговорноста да се преиспитуваат новите феномени. aifzf.org е ефикасен, корисен и информативен портал кој успешно ја исполнува својата основна функција: да обезбеди точни и навремени информации на студентите и персоналот. Како алатка за секојдневна административна и академска навигација, таа е одлична.
      Моделот има потенцијал да дава многу попрецизни предлози за релевантна домашна и факултетска литература за семинарските работи, вклучувајќи ги и необјавените или тешко достапни материјали од архивата на ФЗФ. Затоа верувам дека е потребно најинтензивно ne-tuned) или директно трениран на корпус кој вклучува: Задолжителна литература од сите студиски програми (Филозофија, Историја, Социологија, Психологија, Класични студии итн.); Архива на истражувачки трудови и публикации на професорите на ФЗФ; Предавања, скрипти и испитни материјали користени на Факултетот.; Специфични македонски и регионални студии во хуманистичките и општествените науки. Академска Доверливост: Најголемата предност е што сервисите би требало да обезбедат информации кои се академски верификувани според стандардите на Филозофскиот факултет. Ова го намалува ризикот од користење на нерелевантни или неточни податоци од општ интернет, што е често проблем кај општите LLM-ови… кои често грешат за да не задржат на сајтот. На пример, AI асистентот за предметот „Увод во симболичка логика“ би требало да дава одговори кои се прецизно усогласени со скриптите и методологијата на професорот кој го предава предметот. Ова е исклучително корисно за студентите.
      Би додал јасна организациска структура / автори / тим Кој стои зад страницата? (автори, редакција, координатори)Б и било добро да има кратки биографии, академски референци или професионални податоци. Одговорност и транспарентност во смисла, дали се наведени финансирање, поддржувачи, контакти.
      Се на се, од структурна и намерна гледна точка, сервисите на aifzf.org имаат многу висок потенцијал за квалитет и академска релевантност не само за УКИМ, туку и за Македонија.

      1. Ви благодарам колега. Прашањето на датесетовите со кои ќе бидат тренирани ви агентите останува нешто што на што сите треба да работиме. Моментално сите аи агенти кои се дел од училниците се тренирани со наставен материјал што го предложил професорот по тој предмет. Значи и по предметот Увод во симболичка логика. Позади оваа иницијатива стои Филозофскиот факултет , а оваа старана е дел од проектот „Потенцијали и предизвици на примената на вештачката интелигенција во наставата, учењето и истражувањата во општествените и хуманистичките науки: Студија на случај- Филозофски факултет – Скопје“. Тимот кој директно стои позади проектот е Проф. д-р Боби Бадаревски
        Раководител на Институт за родови студии, Филозофски факултет Уким, Проф д-р Дејан Донев Раководител на Центар за интегративна биоетика, Институтот за филозофија, Филозофски факултет Уким, М-р. Стефан Васев, Институт за родови студии, Филозофски факултет Уким, Демонстратор Мартина Лозаноска Надовска , Институт за родови студии, Филозофски факултет Уким, како и професорите што учествуваат со свои предмети. Проектот е финансиран од МОН и ФЗФ.

  14. Ботовите многу ми помогнаа, особено кога ми требаше брз одговор, информации или помош во учење. Лесно се користат и навистина го олеснуваат учењето.

  15. Навистина интересен проект а исто така и корисен, лесно можеш да се снајдеш на сајтот и се е разбирливо и јасно.

  16. Користењето на вештачката интелигенција во наставата овозможува полесен пристап до информации и го забрзува процесот на учење и работа. Со нивната примена, се отвораат нови можности за напредок во образованието.

  17. Нешто ново , напредно и интересно кое ќе влијае позитивно врз наставата

  18. Мислам дека овој проект многу ќе ни помогне за полесно да го совладаме материјалот преку тестирање. Верувам дека многу ќе ни помогне да размислуваме и ќе не поттикне самостојно да стекнуваме нови знаења

  19. Имав можност да ја искористам алатката за AI училница, изненадена сум колку одговорите се брзи и исцрпни. Верувам дека се подобро ќе се надоградува оваа платформа која навистина им е потребна на студентите и за сите оние кои сакаат да знаат нешто повеќе од наведените области.

  20. Корисна алатка која верувам ќе биде од голема помош во тек на студирањето. Доста креативно и лесно за употреба 🙂

  21. Сиот овој проект може добро да придонесе за повеќето студии и начинот на кој тие се толкуваат и комплетираат, но истовремено ваквите платформи можат да бидат злоупотребени од различни индивидуи. Мое мислење е дека сеуште не е време за вакви потези за кои што нашето општество не е спремно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *