„AI Платформа на Филозофскиот факултет, Скопје“, има за цел да ги истражи потенцијалите, начините и предизвиците од интеграцијата на вештачката интелигенција (AI) во наставата, учењето и истражувањето во општествените и хуманистичките науки.
Проектот се фокусира на практична примена на AI-алатки (ботови, генератори на содржина) и нивното влијание врз наставната ефикасност, интерактивност и истражувачката продуктивност, особено во дисциплини како филозофија, историја, педагогија и психологија.
Истражувачките прашања опфаќаат:
Перцепција и подготвеност на студентите и наставниот кадар за користење AI
Влијание на обуките врз компетенциите и критичкото разбирање
Етички и методолошки импликации од интеграцијата на технологијата
Проектот користи три модели на интеграција: целосна, делумна и континуирана (преку платформата „AI Академија“), и има за цел да воспостави академска и етичка рамка за одговорна имплементација на AI во високото образование.
Проектот е поддржан од Министерството за образование и наука, а дополнителна поддршка од страна на Ректоратот би овозможила негово пошироко валоризирање и институционално позиционирање.


